ОСВЕТЛУВАЊЕТО ВО ДОМОТО – СОВЕТИ И СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ | Велеа Хоум

 2022-10-12

ОСВЕТЛУВАЊЕТО ВО ДОМОТО – СОВЕТИ И СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ

Светлината е во основата на нашата перцепција за просторот, бојата и текстурата. Таа е и нешто повеќе од тоа. Светлината влијае на начинот на кој се чуствуваме ,влијаејќи на нашето расположение и емоции. Затоа е исклучително важно да го изберете вистинското осветлување за вашиот дом. Освен тоа , не треба да се занемари и фактот дека 70% од времето го поминуваме во затворен простор. Така да оваа статија ќе ви биде корисна долоку сакате да си создадете повеќе светлина во вашиот дом и во животот.

Но, пред да почнете да трошите пари на уреди за осветлување , треба да се запознаете со неколку основни факти во врска со осветлувањето.

  • Најкорисната светлина е природната или дневната светлина.
  • Правилно избраните уреди за осветлување можат да го трансформираат просторот за миг.

Постојат неколку фактори кои влијаат на тоа како можеме да  подобриме одредена ситуација. Како прво, ова се основните бои што треба да доминираат во собите. Треба да се има во предвид дека црвените, портокаловите, кафените и сите црни нијанси ја апсорбираат светлината. Од друга, страна бледите бои како бледо зелено, сино и светло виолетово одлично ја рефлектираат светлината. Мноштвото на прозори во одредена просторија, како и огледала исто така имаат значајно влијание.

Како што веќе спомнавме, дневната светлина е незаменлива, но користењето на електрични светилки ќе ви помогне да го создадете посакуваниот амбиент во вашиот дом. Покрај тоа , се создава чуство на сигурност, како и безбедност и можност за извршување на задачи и кога нема доволно дневна светлина.

Пред да ја планирате инсталацијата на електричното осветлување , добро треба да помислите за неколку важни точки :

  • Одредете ја намената на секој простор за живеење;
  • Размислете за атмосферата што сакате да ја создадете на секое конкретно место во вашиот дом
  • Користете повеќе светла во потемни простори;
  • Размислете за украсните предмети , што сакате да ги истакнете.

ВИДОВИ ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО МОДЕРНИОТ ВНАТРЕШЕН ЕНТЕРИЕР

Модерните дизајнери на ентериер ја знаат важноста на правилниот тип на осветлување во секој простор за живеење. Тие користат неколку видови осветлување за да ја добијат потребната количина на светлина во одредена просторија. Важно е да се разбере употребата на секој еден извор на осветлување и која ќе биде неговата специфична потреба што треба да ја исполни во еден успешен план за дизајн на домот.

Нормално(општо) осветлување

Нормалното осветлување е едно од првите видови на осветлување, што се користи во современиот внатрешен дизајн и се однесува на светлината што се користи за осветлување на просторот како една целина. Овие типови на уреди за осветлување ја обезбедуваат главната светлина за да се создаде достапен простор ,каде што корисниците ќе се движат безбедно и лесно. Вградените плафоски светла или тавански светилки можат да ги задоволат нормалните (општи) потреби за осветлување. Исто така , нормалното осветлување може да се надополни и со столни ламби, кои можат да играат улога и на дијазнерски елемент.

Осветлување на специфични зони

Друг тип на осветлување што го користата дизајнерите е осветлување со специфична задача. Стручни лица ги проценуваат видовите на активности што се одвиваат во секоја област од собата, за да се осигураат дека има доволна количина на светлина во самата соба за соодветната активност што се врши.

Овој тип на осветлување ни овозможува да поставиме соодветни извори на светлина каде што е потребно, осветлувајќи одредени области и обезбедувајќи видливост за активности како што се читање, готвење, облекување или пишување на домашна задача. Фокусирајте се на местата над работната површина во кујната, мијалникот во бањата, бироата или до ноќните шкафчиња покрај креветите, за да го добиете оптималното количество на светлина за извршување на определените активности.

Одлично решение тука би биле ѕидните светилки, а исто така и таванските светилки чии светилки се доволно ниско поставени за да ја осветлат соодветната област. Изборот на приглушувач на светлина е исто така важен. Единечните големи фенери, на пример, ја фокусираат светлината кон одреден простор, но поставени повисоко го прошируваат периметарот на осветлувањето.

Постојат и светилки, кои ја насочуваат светлината во различни насоки и истите можат да се прилагодат на одредена ситуација. Нивниот атрактивен дизајн може да стане главен стилски акцент на внатрешноста на една соба.

 

Украсно осветлување

Финалниот тип на добро дизајниран план за осветлување вклучува и украсно акцентирано осветлување. Професионалните дизајнери се свртуваат кон него за да додадат декоративни елементи и да создадат силно визуелно влијание. Акцентираното осветлување е пристап кој се користи во модерниот дизајн на ентериер кој треба да истакне одредени елементи како што се слики, склуптури, влез на некој објект или некоја архитектонска карактеристика на истиот. Честопати може да ја игра улогата на уникатен дезајнерски експонат, како на пример елегантен лустер или драматицен привезок.

Украсното осветлување ќе најде место во секоај просторија , дури и во бањата. Како што знаете, на балконот осветлувањето  Както знаете, на балкона то създава ефект на романтично осветена малка градина. У дома, това могат да бъдат аксесоари по рафтове и скринове, а също и впечатляващ полилей над трапезната маса.

При изборот на уреди за осветлување за вашиот дом, имајте ги на ум овие типови на осветлување што дизајнерите ги користат во сите внатрешни простори. Вистинските комбинации можат целосно да го променат искуството и атмосферата на вашиот дом.

Следете не