Тајната на добриот сон | Велеа Хоум

 2021-09-28

Тајната на добриот сон

Кога зборуваме за квалитетен сон, нема како да не го спомниме „срцето“ на еден кревет – душекот. Но кој е најправилниот за нас, за да можеме целосно да се ослободиме од насобраниот замор преку целиот ден? Покрај  огромниот избор од различни технологии, системи и материјали, кои ги прават душеците, правилниот избор станува вистински предизвик. Во денешно време тоа е еднакво на огромна врска клучови, кои што ги пробуваме на врата, која што може да ни ја отклучи тајната на добриот сон, но од каде да почнеме?

 Ви советуваме да помислите убаво каков душек  сте користеле досега и дали има некаква промена во Вашиот сон – можеби сте почнале  да се чуствувате повеќе изморени или да не успевате да заспиете, како пред тоа. А ако веќе чувствувате сериозна малаксаност или дури болки во крстот или грбот, консултирајте се со специјалист, затоа што душекот  може да биде само еден дел от решавањето на тој проблем.

Современи видови душеци

Кога зборуваме за модерни душеци, во повеќе случаи зборуваме за тие направени од различни видови пена. Тие имаат за цел да постигнат оптимална поддршка, така да облините на телото да „потонуваат“ рамномерно и да нема напрегнатост во ниту еден негов дел. Меѓу најчесто сретнатите и широко користени се полиуритенска и еластична пена, кои што  служат за јадро.

Мемори пената влегува в комбинација со останатите видови пена, како обично таа е надворешниот слој на структурата на душекот. Таа се моделира според температурата на телото и ја прима формата на неговите облини, за да обезбеди оптимална удобност. Различните видови комбинации од пена обезбедуваат различно чувство на тврдост или мекост, а некои модели ги нудат и двете – едната страна да е потврда, а другата помека. Така може да ги менувате според сезоната или расположенијата.

Обрнете посебно внимание на тоа каков вид текстил го „облекува“ целииот душек, особено на тоа дали е материјал што дише, затоа што тој помага дополнително за регулирањето на влага и топлина, како и антибактериско дејство.

Има модели душеци, кои што комбинираат кокосови влакна и латекс со различни видови пена. Тие се потврди како осеќање на телото, но нудат подобра циркулација на воздухот и за тие од вас, кои што сакат или се навикнати  да спијат на тврдо, ова сигурно е нешто, коешто треба да разгледате като опција.

Класични душеци со пружина

Најшироко разпространетиот вид душеци со сигурност се оние со пружина, како тука во зависност од технологијата и структурата тие се два вида – покет и бонел. 

Бонел е класичниот систем од пружини, која што може да се комбинира со различни материјали – како мемори пена, еластичен пенополиуретен, латексиран филц и многу други, кои што го дополнуваат јадрото, за да обезбедат доволно удобност за прекрасен сон.

Покет е помодерниот систем, во кој што пружините се индивидуално спакувани, за да реагираат прецизно на притисок и движење и така да се постигне анатомско јадро на душекот или кажано по друг начин – секоја една пружина реагира посебно на притисокот од човечкото тело, а в целост сите пружини идеално ги прифаќат облините на телото, го држат  во правилна позиција и без напрегнатост.

Друга многу важна разлика меѓу покет и бонел душеците е, тоа што првите се со побалансирано ниво на тврдост, додека кај бонел чувството е повеќе за средно меки кон меки. Секако се зависи од конкретниот модел и комбинирањето му со други материјали, кои што ја навалуваат вагата кон изборот на едната или другата технологија. 

Еднострани и двострани душеци

Стигнавме до другата важна разлика на душеците – едностран и двостран. Се тука е сврзано со практичност –  едностраните душеци се со вградена дрвена или метална рамка во нив, а двостраните се меки от двете си страни и се стават на  рамка за душек (латофлекс). 

Другата важна разлика е, тоа што двостаните душеци се износуваат побавно, особено при редовно обрнување и грижа. Има исто така двострани  модели од повисок клас, кои што дават  можност за различна „тврдина“ или „мекост“ на двете страни, како и специјално прилагодени страни за летно и зимно време, кое што дополнително ја засилува функционалността и удобноста.

 

Кај едностраните душеци предноста е во нивната достапност на цената, како и тоа, дека можат лесно да се прилагодат кон спални со механизам за кревање, за да може да го искористите и просторот под креветот. Може и, многу јасно, да го направите истото и со двостраните душеци, но прво разгледајте внимателно дали спалната, која што имате или сакате да купите е прилагодена за таков душек, како и за механизам за кревање.

Без разлика дали е двостран  или едностран, даден душек доаѓа со различна продолжителност на гаранцијата. Кај различните производители и трговци на душеци, тие се јавен знак за квалитет, а и така ќе може да спиете мирно, дека сте го направиле правилниот избор.

Многу јасно, димензиите и дебелината на душекот се важни како некои модели можат да содржат во себе си повеќе слоеви пена или комбинација од различни видови пена и пружини, така што да овозможат еден одличен баланс за одмор на телото.

Рамки за душеци (латофлекс)

Кај рамките за душеци е важно да обрниме внимание на тоа, од какви материјали се направени. Еластичноста и овозможувањето на ергономска основа за рамномерно распоредување на тежината на телото се исто така фактор при изборот на правилната таква рамка. Накратко рамките за душеци служат за да балансираат, и по тој начин да ги зајакнат функционалните карактеристики на двостраните душеци, како и дополнително да осигурат хигиенска средина и проветрување на душекот.

Наддушеци

Може исто така сосем мирно да го разгледаме наддушекот како дополнителен слој, кој што  ви обезбедува повеќе удобност и поддршка на телото. Друг квалитет, помеѓу многу други е, тоа што повеќето обезбедуваат и антиалергиски ефект. Во зависност од диензиите им, овој тип душеци имат многу приложенија како што  можат да се користат и врз софа или софа на спуштање. Не само, што лесно се пренесуваат, затоа што се превиткуваат, тие можат да бидат решение, кога патувате или ако чувствувате непријатност од вашиот душек во моментот и не сте сигурни со што да го замените.

Исто така може да ги комбинирате с други душеци, за да постигнете подобра поддршка на 'рбетот, да  го намалите притисокот и појавените од тоа болка в рамената, грбот и колковите, да го заштитите  душекот од овлажнување и абење и да ги намалите алергичните реакции кон прав. А и исто така се чисти и одржува лесно.

Детски душеци

За да го обезбедите  најдоброто за Вашето дете  треба да изберете душек изработен от материајли, целосно безопасни за здравјето на најмалите.

Најгорниот материјал треба да е здрав и отпорен  на нечистотија.  Ви препорачуваме да обрнете внимание на текстилот– да е мек и пријатен на допир, нежен кон чуствителната детска кожа. Јадрото на душекот, убаво е да е направено от пена со погодна густина, обезбедува стабилна основа, која што се препорачува за првите години од периодот на интензивен раст. А за чувство на обвивка и галење за кое што допринесува за мирен детски сон, препорачваме некои от нашите модели со дополнителен слој мемори пена.

Следете не