Велеа Хоум |

Откако ќе Ви биде доставена нарачката, Вие сте должни да ја проверите истата и доколку на неа има видливи оштетувања или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на еден од бројот 00389 2 510 2424, или пак да ни пратите е-маил со вашето име, презиме, телефон и број на нарачка на адресата [email protected] при што ќе ги објасните причините поради кои сакате да направите замена или пак враќање на нарачката.


Потребно е да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Од страна на Велеа Хоум ќе бидете известени за понатамошната постапка во најкраток можен рок.


Замената на производот може да ја направите во договор со нашите вработени.


Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил неисправен или погрешен производ. За да може да ја вратите или пак замените нарачката, задолжително мора истата да не биде оштетена и спакуван во првичното пакување заедно со фактурата или фискалната сметка.


По приемот на производот ќе направиме проверка за што ќе бидете известени за исходот.


Потрошувачот има право да побара замена на производот или поврат на средствата во рок од 15 дена.


Велеа Хоум е должен да одговори на секое барање за замена на производот или поврат на средствата во рок од 30 дена од применото барање.


Во случај на нарачка преку веб страницата на Велеа Хоум www.velleahome.mk, потрошувачот има право да се откаже од нарачката во рок од 14 дена по направената нарачка кога станува збор за договор за продажба на производи кај купувачот или кај лицето кое што потрошувачот го овластил за прием на стоката, без наведување на причини и додатни трошоци, освен трошоците за враќање на стоката. Ова правило не важи во случај на набавката на стоки изработени според спецификациите или јасно прилагодени на потрошувачот.


Освен во случај кога Велеа Хоум понудил сам да ги повлече стоките, потрошувачот ги враќа стоките или му ги предава на Велеа Хоум или на трето лице овластено од страна на Велеа Хоум да ги прими стоките, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот на кој го известил трговецот за својата одлука за повлекување од договорот во согласност со членот 91 од овој закон. Крајниот рок е исполнет, доколку потрошувачот ги врати стоките пред истекот на рокот од 14 дена.


Велеа Хоум ги надоместува сите плаќања примени од страна на потрошувачот, евентуално вклучувајќи ги трошоците за испорака, без непотребно одлагање, а во секој случај во рок од 14 дена од денот кога е известен за одлуката на потрошувачот да се повлече од договорот во согласност со одредбите на Законот за заштита на потрошувачите.


Продавачот извршува враќање на средствата на сметката на купувачот, додека купувачот за овој поврат на средства не сноси никакви дополнителни трошоци. Продавачот може да го одложи враќањето на средствата се додека не ја добие стоката што се враќа.

Следете не