КАКО ДА ИЗБЕРЕМЕ ПОСТЕЛНИНА? | Велеа Хоум

 2022-08-08

КАКО ДА ИЗБЕРЕМЕ ПОСТЕЛНИНА?

Прашањето за избор на постелнина е и објективно и субјективно. Дали се прашувате: „Како го добивате тоа совршено чувство кое ве враќа во вашата омилена хотелска соба и ја поминувате ноќта мечтаејќи до утро?

Изборот на квалитетна постелнина и добар дизајн е важен, но сечија дефиниција за тоа што е удобно е различна. Каде и да одите, има толку широк спектар на ткаенини, бои и спецификации што човек би можел да се изгуби во изборот. Всушност, постојат три главни индикатори за да се избере најдобрата постелнина: ткаенина, дизајн и соодветна големина.

 Да избереме ткаенината

Памук, сатен или лен? Која постелнина е подобра за совршен ноќен сон?

Памукот е најчестиот материјал. Висококвалитетниот памук изгледа софистицирано, исклучително удобно и издржливо во времето. Станува помек и поудобен по миењето, што ги прави памучните чаршафи добра инвестиција. Ако сакате помазни чаршафи, изберете сатенски памук. Плетените сатенски влакна ќе ја направат ткаенината посјајна.

Сатенот не е вистинско влакно. За неговото производство се користи свила или најлон. Сатенските чаршафи обезбедуваат ладна удобност и некои луѓе ги претпочитаат поради тоа и мазниот допир на ткаенината . Други сметаат дека се лизгави и тешшки за чистење. Едно е сигурно – сатенските чаршафи ќе и дадат луксузен изглед на вашата спална соба. Тие можат да бидат дел од вашите гостински сетови или за вашите лични прилики.

Ленот е уште една одлична ткаенина и се произведува од растението лен. Тој е материја што диша и ја абсорбира влагата, што го прави одличен, ако живеете во потопла клима и не сакате да користите клима уред. Имајте во предвид, дека чувството на мазност се разликува од чаршав од памучен сатен.

Квалитетот на материјалот ја одредува удобноста

Изберете долги основни влакна или уште подобро, екстра долги основни влакна. Тие се формираат од специфичен тип на растение памук наречен Gossypium Barbadense. Тие се плетени во поцврсти и пофини плетива. Така се добиваат поцврстите и помазни памучни ткаенини кои се користат за постелнина.

Египетскиот памук е познат по својата удобност и здравина, но ова важи само за екстра долгиот египетски памук. Чаршафите со поголем број на конци даваат помазно, помеко и полесно чувство. Колку е поголем бројот, толку е пофино плетивото. Кога се гледа бројот на плетиво, од 60 до 80 ќе се обезбеди добро ниво на удобност, но плетивото број 100 создава многу полуксузно чувство.

Изборот на дизајн според три главни критериуми

Овде обрнуваме внимание на три главни критериуми за избор на дизајнот на вашата постелнина: функционалност, удобност и естетика.

Дали ќебето се лизнува од покривката? Перниците не можат да останат во навлаките? Затоа, обнете внимание колку е функционална и практична постелнината што ќе ја изберете. Подобро дизајнираните чаршафи имаат одредени карактеристики кои, иако навидум се мали и неважни, точно тие ќе ја прават вашата постелнина удобна за користење.

Обрнете внимание на местото на отворот на навлаката, како и на начинот на затворање. Пожелно е да е во долниот дел и да се затвора со навивање, со внатрешен патент, па дури и со копчиња. Со страничен отвор, можеби нема да можете да ја вметнете перницата. Исто така, копчињата треба да бидат или дискретни или покриени со ткаенина за да не се удираат и уништат во барабанот на машината за перење. Внимавајте на покривката и распоредот на полнежот, за да не се појават деформации при перење.

 Понекогаш постелнината има украси, како вез или принт, кои ја прават убава, но внимавајте да не се во директен контакт со вашето лице додека спиете.

Да позборуваме за димензиите. Бидејќи колку и да е убав моделот што сте го избрале, големината одредува купувањето. Некои комплети постелнина вклучуваат една или две навлаки за јоргани. Стандардно, големината на покривката треба да биде околу 5 см помала од онаа на пликот, а кај ќебињата и перниците - 2 см. За чаршафите важи правилото за 15-20 см повеќе од површината на душекот, за да може да се стави во креветот. Во готовите комплети, овие димензии се однапред прилагодени на основните стандарди за перници, јоргани и душеци. Сепак, добро е да ги имате на ум.

Не плашете се да комбинирате различни делови од постелнината. На пример, ако ви се допадна еластична чаршав, бидејќи се грижите за практичноста, можете лесно да изберете дополнителен плик и навлаки.

Разновидноста на типови на перници во последниве години, исто така, принуди нови трендови во големината на навлаката. Комбинацијата на бои и дезени се индивидуални, но не заборавајте да побарате мислење и од партнерот. Различни производители нудат комплети за постелнина „женски“ и „машки“ постелнини. Затоа, изборот на средна опција не е секогаш лесен.

Погледнете ги нашите одлични понуди и инспирирајте се за вашата нова постелнина! Нема да верувате колку тоа ќе го промени изгледот на вашата соба.

Следете не